Каква музика најмногу ви се допаѓа? Еве што открива вашиот омилен жанр за вашиот карактер

popara19 ноември, 20221min00
muzika1

Каква музика слушаат креативните, а каква анксиозните луѓе?

Нечиј музички вкус тешко се менува, а се гради уште од детството.

Врската помеѓу типот на музика што ја сакаме и цртите на личноста сè уште не е добро истражена, но има некои резултати кои покажуваат дека тие се поврзани барем до одреден степен.

Имено, едно истражување опфатило повеќе од 36 илјади испитаници ширум светот и добиле задача да оценат 104 музички стилови, а пополниле и прашања поврзани со пет особини на личноста и нивната омилена музика.

Резултатите покажале дека личностите и музичките вкусови се поврзани, но дека има и други фактори.

Ова се дел од заклучоците од истражувањето:

Поп музиката им се допаѓа на екстровертни, искрени и конвенционални луѓе. Иако се вредни и имаат висока самодоверба, излегува дека не се толку креативни и опуштени како љубителите на другите жанрови.

Рап и хип хоп музика слушаат луѓе кои исто така имаат висока самодоверба и кои се прилично отворени, и покрај стереотипот дека љубителите на оваа музика се агресивни, таква врска не била пронајдена.

Луѓето кои слушаат кантри музика се генерално напорни, пријателски расположени и конзервативни. Иако темите често се поврзани со кршење на срцето, луѓето кои слушаат кантри музика се генерално емотивно стабилни.

Иако рок и хеви метал музиката се поврзуваат со гнев и агресија, љубителите на овие жанрови се нежни, креативни и интровертни, покажа истражувањето. Имаат и ниска самодоверба.

Обожавателите на инди музика се интровертни, паметни и креативни, но помалку напорни и нежни од љубителите на другите жанрови. Се карактеризираат и со пасивност, анксиозност и ниска самодоверба.