Иако Рита Ора никогаш не потврди дека се омажила за новозеландскиот режисер и актер Таика Ваитити, следната недела ќе биде објавено нејзиното интервју снимено минатото лето во кое пејачката ја најавува нејзината венчавка. Имено, нејзините пријатели многу зборувале за тоа како двојката се венчала летово на скромна церемонија, но тоа никогаш не го потврдиле. А сега протекоа деталите од телевизиското интервју во кое пејачката го фали својот вереник и отворено зборува за соништата од детството.
„Од мала сонував за сопствената свадба, а Таика е навистина фантастична личност. Обожавам да бидам заљубена, а кога е љубовта во прашање сум исклучително страсна. Во најдобрата фаза од мојот живот сум, јас сум мирна и среќна“, рече таа во интервју за познатиот новинар и документарецот Луис Тероу, а интервјуто ќе биде емитувано во вторник на Би-би-си.
Како што објави телевизиската куќа, Тероу го започнал интервјуто со Рита Ора во пабот на нејзиниот татко во западен Лондон, каде што разговарале за пристигнувањето на нејзиното семејство во Велика Британија по бегството од Косово во 1990 година и сè до нејзините ѕвездени успеси. Пејачката отворено проговори за тешкотиите со кои се соочува, од интензивното медиумско внимание до шпекулациите за нејзиниот личен живот.
Интервјуто го направија и за време на снимањето на нејзиниот нов спот во Лос Анџелес, каде што им се придружи Таика Вејтити. А режисерот неодамна откри дека ја запознал Рита благодарение на Роберт Патисон кога ја донел на забава во неговата куќа.
Иако се чини дека Рита Ора во ова интервју нема експлицитно да потврди дека летово се омажила за Вејтити, сепак во тоа не треба да има сомнеж.