Лак Розе, односно розовото езеро во Сенегал е еден од доказите дека Земјата е сина – само ако се гледа од вселената. Се наоѓа на околу 30 километри од Дакра. Од Атлантскиот Океан е одделен со тесен премин меѓу дините.
Прекрасното африканско езеро ја должи својата розова нијанса на алгата Dunaliella salina, а бојата е најинтензивна во сушните периоди. Во сезоната на дождови, од јули до октомври, водата добива боја на тула.
Езерото има висока соленост која во одредени делови достигнува 40 проценти, а бројни семејства живеат од продажбата на солта од езерото. Се проценува дека дневно се собираат до три илјади луѓе од Западна Африка. Сенегалските рибари користат сол за конзервирање на риба.
Дури и рибите се навикнале на висока соленост и развиле способност да испумпуваат вишок сол од телото. Тие во просек се четири пати помали од нивните „братучеди“ кои живеат во нормална средина. Пливањето во езерото е лековито, а исто како и во Мртвото Море, лесно е да се плива на површината.