Ова мора да го видите! Најголемата „невидлива“ зграда во светот, која би можела да стане мегахит до 2030 година

popara4 декември, 20221min00
62432905-alula

Неправедно запоставената „AlUla“ е дом на антички локалитети, историски споменици и неверојатни природни чуда, а зградата што ја отсликува пустината е само едно од низата ремек-дела што вреди да се запознаат…

Огромните стаклени панели кои го рефлектираат околниот пејзаж на АлУла во саудискиот регион Медина даваат впечаток на надреално и го тераат набљудувачот да се запраша дали се работи за фатаморгана. Но, пустинската жештина не е виновна за ваквата слика – тоа е вистинска градба која влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемата огледална зграда во светот и има фантастични 9.740 метри квадратни.

Зградата на повеќенаменската концертна сала Мараја е дизајнирана да ја рефлектира и истакне природната убавина на пустината АлУла, а нејзиното име на арапски значи одраз или огледало. Архитектонското уметничко дело е наменето за различни настани, прослави, перформанси и деловни собири.

62432907-alula
62432906-alula
62432903-alula
62432905-alula (1)

Неправедно занемарениот АлУла е дом на антички локалитети, историски споменици и неверојатни природни чуда, а Мараја е само едно од низата ремек-дела што вреди да се запознаат. Целта на кралската комисија формирана пред пет години е да привлече туристи до 2030 година, така што АлУла и Саудиска Арабија до крајот на деценијата ќе влезат на врвот на листата на најдобри дестинации во светот, а стаклениот комплекс бил еден од првите чекори на тој пат.

Зградата сместена среде пустина ја реализирала миланската компанија „Gio Forma“ на височина од 26 метри. Дизајнирана е да има огромен прозорец кој кога ќе се отвори создава интересна игра со пустинската средина, а од далечина изгледа речиси невидливо.

Досега, Мараја се користела за снимање филмови и реклами за популарни брендови како Ролс-Ројс и Картие. Современите архитекти не се единствените инспирирани од пејзажот на Медина. Древните набатејски цивилизации кои го следеле патот на темјанот и избраните зачини оставиле зад себе неверојатни урнатини врежани во камења и карпи, како што може да се види во многу попознатата Петра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma