Многу посетители на Бад Рагаз доаѓаат на велнес во луксузното одморалиште Гранд, скијање или одмор во природа…
Околу еден час од Цирих ве очекува Бад Рагаз, мало гратче во подножјето на ски-центарот Пизол, кое станува особено бајковито за време на зимскиот распуст. Во него почесно место има огромна секвоја од речиси 40 метри, која за католичкиот Божиќ е украсена со дури 30 илјади светилки. Оваа старица е долговечна жителка на Бад Рагаз и таму е засадена пред повеќе од еден век.
Многу посетители на Бад Рагаз доаѓаат во познатото одморалиште Гранд за велнес, каде некои од третманите се инспирирани токму од секвојата. Луксузното одморалиште има долга традиција што може да им се заблагодари и на монасите кои во 13 век ги откриле изворите на лековита топла вода во блиската клисура Тамина. За среќа, третманите денес се многу различни од минатото. Кога луѓето првпат почнале да ја користат лековитата вода за закрепнување, монасите ги спуштале до дното на клисурата користејќи јажиња. Таму со денови седеле на столчиња, додека на нивните тела не се појавиле рани бидејќи (верувале или не) тоа било знак на закрепнување.
Оние луѓе кои можат да си дозволат одмор во Гранд ресортот не мора да се впуштаат во вакви авантури, бидејќи во собите ги очекуваат специјални кади кои ги комбинираат лековитите својства на топлите извори со хромотерапија.
На католичкиот Божиќ се одржува и Пралине Шоу, кога слаткарите ги демонстрираат своите вештини во подготовка на совршени чоколадни десерти.
Скијачкиот регион Пизол се протега меѓу 1.600 и 2.200 метри и има 40 километри скијачки патеки, што им нуди на љубителите на зимските спортови различни можности да уживаат во снегот. Но, дури и оние кои не скијаат можат да уживаат пешачејќи до видиковците од кои можете да уживате во фантастичниот поглед на околниот пејзаж.
Во лето, Бад Рагаз е омилена дестинација за љубителите на голфот, велосипедистите и сите оние кои сакаат да ја истражуваат природата. Прошетка околу пет кристално чисти езера или патување до клисурата на термалната вода Тамина Шлухт се само дел од активностите што можете да ги направите за да ги исполните вашите денови. Недалеку од Бад Рагаз се наоѓа Калфејзентал, место кое вреди да се забележи на мапата поради неговото прекрасно езеро, а можете да скокнете и до селото Св. Мартин.