Одржувањето на облеката снежно-бела често е потешко отколку што изгледа на почетокот. Сепак, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да ги вратите сивите тонови во бели
Во вашата мисија да ја вратите белината, ќе ви треба бел детергент за перење и сода бикарбона или сок од лимон. Најважниот чекор во враќањето на белината е натопувањето, а постојат три начини на кои можете да го направите тоа.
- Облеката можете да ја потопите во топла вода во која сте додале половина шолја прашок за бела облека, а потоа треба да ја држите таму околу два часа. После тоа, ставете ја во машината за перење и вклучете ја програмата за бели алишта.
- Четири литри топла вода и една шолја сода бикарбона може да ви бидат втор избор. На овој начин не само што ќе ја избелите облеката, туку можете да ги уништите и сите непријатни мириси кои се појавуваат на маиците и кошулите, особено под пазувите. Оставете да отстои преку ноќ, а потоа ставете ја облеката во машината за перење.
- Потопувањето во сок од лимон е уште еден ефикасен начин за враќање на белината. Прво исечете два лимони, па сварете ги во тенџере. Кога водата ќе зоврие, натопете ја сивата облека во таа течност и оставете ја така околу еден час. Потоа ставете ја во машина за перење.