Џулија Фокс држи МОДНИ ЛЕКЦИИ: Жените полудеа по трендот за кој таа зборува во своето видео

popara18 декември, 20221min00
40591_ap01-ap-jordan-strauss_f

Доколку сакате да ги избелите веѓите, сепак ве советуваме да посетите козметичар или личност која е специјализирана за фарбање, но доколку сакате да се забавувате, погледнете го видеото на Џулија

Ѕвездата која јавноста за жал ја запозна како девојката на Канје Вест, Џулија Фокс, е американска актерка позната по филмот „Uncut Gems“. Но, наместо на големото платно, таа сепак е поприсутна на Модните недели, каде полека но сигурно станува модна икона. Не само што носеше ревии за „LaQuan Smith“ и неодамна за „Tommy Hilfiger“, туку таа е и некој кој, со 1,3 милиони следбеници на „Instagram“, има огромно модно влијание на социјалните мрежи.

Популарни се и нејзините модни експерименти, каде објаснува како фармерките со висок струк да ги претворите во панталони со низок струк или од веш маицата на момчето да направите топ, а една од најновите објави кои ги запалија социјалните мрежи е како да ги избелите вашите веѓите дома.

Бланшираните веѓи се тренд кој доминира на модните писти и црвените теписи веќе неколку месеци. Со него флертуваа ѕвезди како Лејди Гага, моделите Џиџи и Бела Хадид, но и сестрите Кардашијан – Џенер, Кендал на овогодинешната Мет Гала се појави во прекрасен фустан од Прада, кој никој не го ни забележа, бидејќи сите гледаа во нејзините веѓи.

Ким Кардашијан отиде чекор подалеку, па за издание на познатиот магазин „American dream“позираше со целосно избланширана коса и веѓи, а една од последните ѕвезди што го следеше овој тренд е Мадона. Но, изгледа дека Џулија го прави тоа најдобро.

– Откако ги осветлив веѓите, многу помалку ме запираат на улица. Уживам во ова лажно чувство на анонимност, откри таа, а набрзо призна дека и таа ужива да го нервира својот поранешен сопруг со изветвени веѓи, бидејќи тој е еден од мнозинството мажи кои не го сакаат овој тренд.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag