Бесплатно е: Добра ирска навика заради која возењето со автобус во Даблин е поубаво и поудобно

popara20 декември, 20221min00
62444577-dublin

Искрен, весел, топoл и жив се вообичаени асоцијации поврзани со Даблин, а главниот град на Ирска често ги полни колоните на листата на најпријателски места во светот – и тоа не само поради одличното пиво. Причините за ваквиот наслов се наоѓаат во тоа што Ирците претежно имаат смисла за хумор, со задоволство ќе ви помогнат доколку ги прашате за каква било информација или совет, а најчесто се отворени за странците.

Знаат и добро да се однесуваат, а еден од примерите може да се види во возењето со автобус во Даблин. Според неодамнешното истражување, дури 90 отсто од граѓаните му се заблагодаруваат на возачот пред да заминат. И додека некои ќе кажат благодарам за да се слушне сè до задното седиште, други тивко ќе мрморат додека се симнуваат по скалите. Повеќето странци се воодушевени од таквата навика, а на форумите за патувања пишуваат дека таквото однесување ги поттикнува да се однесуваат поотворено и поблагодарно.

“Зошто им се заблагодаруваме на возачите на автобуси во Ирска? Затоа што сме Ирци! Општо земено, луѓето во Ирска имаат многу добри манири. Им благодариме на возачите на автобуси, таксистите, пазарџиите, келнерите и на сите останати кои ја работат својата работа – исто како нас самите.” објаснува Ирката Е. Дод и додава дека нејзината мајка ја научила на добри манири. Боби Хили, исто така од Даблин, се пошегува:

„Ние Ирците им служевме на Британците со векови и сè уште чувствуваме обврска да им се заблагодариме на нашите господари за секоја мала услуга. Само се шегувам. Едноставно кажано, ние сме љубезни. Ние веруваме дека благодарноста е одраз на взаемна корист, дури и кога не е претерано оправдано. Во отсуство на сончев ден каков што често можете да уживате во Италија, среќата ја бараме во топла насмевка и едноставна љубезност (и неколку пијачки).“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag