Патиките најдобро се перат во машина за перење, но само доколку се почитуваат одредени правила за да се заштитат од оштетување.
Во секој чевел истурете три лажици сода бикарбона и оставете преку ноќ. Истресете ги наутро. Извадете ги врвките и ставете ги во навлака за перница да не се заплеткуваат, па ставете ги во машината за перење. Избришете колку што е можно повеќе нечистотија од патиките. Потоа завиткајте ги во крпи (идеално четири до шест парчиња) и ставете ги во машината за да не удираат во барабанот при вртење.
Истурете течен детергент и вклучете ја програмата за миење со вода на пониска температура, треба да се мијат најмногу 40 минути. Сушете на воздух. Ни случајно не ги ставајте во машина за сушење бидејќи топлиот воздух може да ги искриви и да го исуши лепилото.