Ако сакате да привлечете среќа, прескокнете ги: Овие работи не смеете да ги правите на новогодишната ноќ!

popara29 декември, 20221min00
NG14

Според народните верувања, има нешта што не треба да ги правите на 31-ви декември, но и на 1-ви јануари

Новата година означува нов почеток. Затоа, во многу земји постојат вообичаени верувања дека одредени постапки на новогодишната ноќ можат да влијаат на судбината во следните месеци. Најголем дел од верувањата кај нас се поврзани со работи кои не смееме да ги правиме доколку сакаме нашите планови и желби да се остварат во наредната година.

Едно од нив се однесува на емотивните односи со саканите. Имено, според популарното верување, никогаш не смеете да заборавите да им ја честитате Новата година на вашите најблиски, бидејќи на тој начин ќе се дистанцирате од нив во наредната година.

Финансиската сигурност е една од работите кон кои се стреми секој од нас, па затоа постои цврсто уверување дека не треба да позајмувате пари на 31-ви декември или на 1-ви јануари, бидејќи таквиот почеток на годината предвидува уште дванаесет месеци материјални проблеми.

Ова се само дел од народните верувања и старите предвидувања за богатството, љубовта, среќата и успехот

Не вадете ништо од дома на 1-ви јануари! Ова верување важи за апсолутно сè. Сепак, колку и да звучи круто, правилото е флексибилно.

Некои луѓе мислат дека е во ред да се изнесуваат работи на 1-ви јануари ако нешто претходно се внесе во куќата. Има и такви кои мислат дека не е добро ни да се тресат теписите тој ден.

Иако постои верување дека треба да се сработи секоја ситница поврзана со работата, треба да се биде умерен. Суеверието вели дека не е добро да се преоптоварувате на 1-ви јануари.

Големо ангажирање, особено започнување на нова активност на овој ден значи дека нема да биде просперитетна, туку напротив – ќе биде осудена на неуспех. Јадете свинско месо, носете црвено, не фрлајте ѓубре бидејќи така Новата година ќе ви биде исполнета само со среќа.

Во нашето општество постои верување дека никогаш не треба да се занимавате со домашна работа на црковен празник. Истото верување важи и за Нова Година, а луѓето веруваат дека на овој ден не треба ни да ги миете садовите.

Се смета за лош знак ако нешто се скрши или пукне на новогодишната ноќ. Обидете се да бидете расположени, бидејќи постои верување дека тие емоции што ќе ги имате на 1-ви јануари ќе ве следат во текот на целата година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma