Isstolpsittning или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина. Се организира во таа европска земја во февруари секоја година како дел од настанот Vilhelmina Winter Weekend.
Добро облечените натпреварувачи се искачуваат на скалата до ледениот трон висок околу два и пол метри и седат на него до 51 час за да победат. На секои неколку часа им е дозволено да се спуштат по околу 10 минути и да го користат тоалетот.
Не само што треба да издржат ниски температури за време на предизвикувачката задача, кои може да се спуштат до -20 степени Целзиусови во февруари во Шведска, туку не им е дозволено да го поминуваат времето гледајќи во паметни телефони и слични електронски уреди.
Isstolpsittning е физички и ментален предизвик за телото и духот. Најтешкиот дел од натпреварот е кога паѓа ноќта, а очните капаци на натпреварувачите почнуваат да се затвораат. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од ледениот трон и со тоа да се дисквалификуваат од трката.
Победник е оној кој ќе остане да седи на ледениот трон по истекот на 51-от час и ќе освои 35.000 шведски круни или околу 3145 евра.