Еден од најстарите обичаи поврзани со Бадник е кршењето ореви.
Според едно толкување, секој член на куќата крши по еден орев за да види каква ќе му биде среќата таа година.
Ако јадрото на оревот е здраво и мазно, ќе биде добра година за тој што го отворил, а ако не, се верува дека таа година нема да има среќа.
Оревите се фрлаат по аглите на просторијата бидејќи порано се верувало дека така кокошката ќе произведе многу пилиња, кога се чувале дома.
Друго толкување – традиционално, пред да започне вечерата, домаќинот зема сито со ореви, избира четири ореви и секој го фрла во агол. Овој обичај потекнува од старите народни верувања.
Имено, оревот е храна за злите сили и лошата енергија, па фрлањето на орев може да се протолкува како фрлање мамка, која ќе ги избрка сите лоши работи од домаќинот и домаќинството, по што вечерата треба да помине во мир.
Сепак, некои толкувања укажуваат дека фрлените ореви се однесуваат и на нашите предци и дека овој чин треба да ги смири.
Интересно е што според народното верување, оревите се јадат само на Бадник, додека во другите денови на Божиќ не се допираат за да не страдаат домашните од чир.