Стопете ги килограмите со јогурт

popara2 август, 20111min00
jogurt

Јогуртот е производ кој е со високи здравствени и нитруциони вредности. Покрај тоа што е вкусен и лесен, на нашето тело му овозможува многу користи.

Јогуртот се создава по природен пат со процес на ферментација на млекото со помош на бактерии. Бактериите делуваат на тој начин што го доведуваат до ферментација при што лактозата се претвара во млечна киселина. Млечната киселина му дава на млекото слатко-кисел вкус и кремаста конзистенција и го претвара млекото во јогурт.

Јогуртот е битен во секојдневната прехрана, поради тоа што е богат со калциум, витамини и минерали. Јогуртот на телото му пружа енергија, а помага и кај зачувувањето на забите и коските. Јогуртот може да ви помогне и при слабеење. Јогуртот е одличен оброк или меѓуоброк, бидејќи е богат со нутриционистички вредности. Јогуртот содржи многу калциум и малку калории кои помагаат при слабеењето. Јогуртот го забрзува согорувањето на маснотиите и му помага на човекот да ја надокнади енергијата која ја изгубил со диета.

Покрај слабеењето, јогуртот е добар и за варење на храната. Може да помогне да се урамнотежи варењето доколку е нарушено. Јогуртот исто така помага и за зачувување на природната вагинална флора. Поради многу фактори вагиналната флора се оштетува, било поради стрес, земање јаки лекови, претерување со конзумирање на алкохол. Во сето тоа јогуртот помага во обновување и одржување на природната вагинална флора. Јогуртот може да спречи развој на ензими кои се одговорни за настанување на рак на дебелото црево. Јогуртот може да спречи стварање на сулфати кои се одговорни за лошиот здив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag