Плаќаш влезница, играш цел ден: Уникатниот музеј на флипери кој се крие во подрум од стамбена зграда во Будимпешта

popara15 јануари, 20231min00
62457737-muzej-flipera

Скриен во подрум во областа Újlipótváros, под станбена зграда во Будимпешта, ќе најдете рај за љубителите на винтиџ игри: малиот музеј за флипери отворен од љубителите на играта пред девет години, сега е една од омилените туристички атракции во градот.

Во овој бучен и шарен свет, флиперите се повеќе од игра, сопствениците зборуваат за претходниците на компјутерските игри како временска машина до некои постари времиња. Музејот за флипери во Будимпешта има повеќе од 160 машини, вклучувајќи и десетици аркадни машини, што го прави ова место една од најголемите колекции на играта во Европа.

Најпопуларните флипери се оние од осумдесетите, кои се подразбираат како златното доба на флиперите. Некои од постарите парчиња на изложбата се квалификуваат како уникатни антиквитети, како што се првите флипери направени со перки од 1947 година. За околу десет и пол евра, колку што е цената на билетот, можете да поминете цел ден во музејот неуморно играјќи игри.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma