Според неговите барања, Бревик изгледа е навистина луд

popara2 август, 20111min00
rdn4e2bb871c57e4

Бревик на второто сослушување во петокот побарал оставката на премиерот Јенс Столтенберг и некои други видни лица, како и абдикација на Кралот Харалд V, додека тој да биде назначен како главен на норвешките воени сили, објавил НРК.
Иако полицијата ги отфрлила неговите барања, масовниот убиец сепак се согласил да соработува за време на испрашувањето кое траело десет часа.
Бревик во притвор ќе помине 8 недели со можност на продолжување на рокот и ќе биде подлегнат на психијатриски анализи за да се утврди дали тој ќе мора кривично да одговара. Наодите на норвешките лекари би требало да бидат објавени во ноември годинава.
Неговиот адвокат изјавил минатата недела дека неговиот клиент е ментално луд, и дека се уште е рано да се каже дали неговата одбрана ќе се темели токму на менталната состојба на Бревик.
Лабуристичка партија, која се најде на мета на крвавите напади на Бревик, ја зголемила својата популарност, кажува истражувањето кое било спроведено изминатата недела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma