Британскиот премиер “шкрт” на типс. Епа сам ќе си се послужува тогаш:)))

popara2 август, 20111min00
britanski premier

Британскиот премиер Дејвид Камерон летува со неговата сопруга во Тоскана. Дејвид во кафеана нарачал три кафиња и ја замолил конобарката да му ги однесе на терасата каде што сакал да ги пие, но келнерката го одбила велејќи му дека е во гужва и дека ќе мора сам да си ги однесе. Британскиот премиер трпеливо ја чекал 27-годишната Франческа Ариани да ги  направи кафињата и сам си ги однел до масата.
Франческа за Daily Mail изјавила дека не знаела дека се работи за британскиот премиер и дека таа без оглед на лошата услуга, требала да добие бакшиш.
Камерон на одмор бил со уште две семејства сместени во вила со 15 соби, која за неделно изнајмување британскиот премиер треба да одвои 10.000 фунти. Луксузна вила се наоѓа на имотот Петроло, во близина на имотот на Стинг. Првото утро премиерот бил забележан како шета низ околното гратче облечен во чевли кои обично се носат на работа, но овој пат без чорапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma