Јадењето храна што ја сакате, посветувањето помалку време на подготовката на храната и уште неколку работи ќе ви помогнат да изгубите тежина без премногу проблеми.
Многумина имаат желба да ослабат, но всушност да не бидат на диета. Тоа всушност е возможно, доколку се придржувате до некои основни правила на здрава исхрана, како што се избегнување газирани пијалоци, брза храна, прекумерно внесување шеќер и слично.
Сепак, нутриционистката Нада Фогт дава четири совети кои ќе ви го олеснат слабеењето:
- Јадете храна која ви е вкусна. Доколку во рецептот има ориз, а вие сакате тестенини… Изберете тестенини! Многу е важно храната што ја јадете да ви биде вкусна, наместо да служи само како средство за слабеење.
- Оброкот не е нужно подобар ако го подготвувате со часови. Една од најчестите причини зошто луѓето одложуваат да направат промена е недостатокот на време. Кој сè уште стига да подготвува оброци по 3 часа?
Најдоброто нешто е што тоа апсолутно не е потребно.
Секогаш можете да си направите „кратенки“ така што ќе зготвите нешто во поголеми количини и ќе имате за неколку дена, а често замрзнатата храна, како и конзервираната храна е одлична опција.
- Можете да го сакате вашето тело, а во исто време да го менувате она што го сакате. Ако сте од оние кои мислат дека треба да се згрозат од самите себе за да сакаат да подобрат нешто, се лажете.
Прво, целта на сите не е да имаат подобар физички изглед. Промената на исхраната е многу повеќе од тоа. Од друга страна, дури и ако се стремите кон подобар изглед, можете апсолутно да бидете задоволни со себе во текот на целиот процес, а не само кога сте ја постигнале целта.
- Бидете реални. Формирајте нови навики во согласност со вашиот животен стил. Не можете од каучот до фитнес центар 7 пати неделно. Поточно, може, но не е најпаметно.
Изберете активност што ве радува и во која уживате, бидејќи на тој начин ќе создадете навика да ја применувате, заборавете на идејата за вежбање како алатка за слабеење, вежбањето е многу повеќе од тоа и дозволете си да го почувствувате.