НОВИ ПРАВИЛА ЗА ТУРИСТИТЕ НА ЈАДРАНОТ! Ве очекуваат ТЕШКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ доколку не ги почитувате ОВИЕ ПРАВИЛА

popara30 јануари, 20231min00
ce026636c52a49fe39430263e60400f0174a7682

Нова одлука за комунален ред, казни за непочитување на прописите од 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за сите кои го прекршуваат законот. Може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, затоа што ако бидат фатени од комуналната стража ќе бидат казнети со 150 евра!

Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување домашни миленици и изнесува 66,36 евра за физички лица. Сплитчани и нивните гости на улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа на повик, пишува „Тпортал.хр“.

Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комуналниот ред, а минатата година првите разголени туристи платија казни од 150 евра. Новата сплитска одлука за комунален ред била донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапила на сила со новата година. Според општинскиот управник Јосип Габелица, станува збор за сеопфатна, прецизна и поригорозна одлука за казнување на прекршителите во однос на претходната, а намерата била да се воспостави ред во целиот град, особено на просторот на културно-историскиот град (зона А). Со општинската одлука се вовел нов концепт на пропишани забрани кои важат исклучиво за зоната А која има посебна заштита и за одредбите кои важат за целиот град.

Според новото решение за комунален ред, лице кое ќе биде фатено како пие алкохол на јавна површина ќе плати казна од 150 евра, а исто толку ќе треба да плати и лице кое полуголо шета низ градот.

Дополнително, воведена е забрана за поставување електроакустични уреди на терасите на угостителските објекти, во зона А, што значи дека на тие места не може да се користат звучници и појачала. Според одлуката, дозволено е да се изведува музика во живо, без електроакустични уреди.

Исто така, прецизирана е и опремата на терасите на угостителските објекти кои можат да се постават, така што повеќе нема да има лулашки, каучи и сепареа кои не се во согласност со урбаната опрема, а тендите и чадорите мора да бидат неутрални беж и без реклами.

Кога станува збор за туристите, ги чека уште една промена – во иднина ќе биде забрането да им се нудат услуги во центарот на градот, како што беше случај во претходните сезони кога рестораните нудеа менија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma