Најопасниот автопат во Турција на кој еден погрешен потег може да ве чини ЖИВОТ

popara31 јануари, 20231min00
62470089-najopasnija-cesta-u-turskoj

D915 е автопат долг 179 километри во Турција кој се смета за еден од најтешките патишта за возење во светот. Поточно, најпредизвикувачки е неговиот северен дел, кој се протега на 107 километри помеѓу Офа на брегот на Црното Море и Бајбурт.

Ова не го изненадува никого кој добро ќе ја погледне оваа делница, која е испресечена со многу остри кривини. Патот е претежно неасфалтиран и покриен со чакал, а нема ограда или друга бариера која ќе ги спречи автомобилите да се превртат преку работ во случај на несреќа.

Во некои делови патот драстично се стеснува, стрмен е и не ви дава доволно простор за вртење. Ако немате време за сопирање, ако ви се врти во глава и направите еден погрешен потег – многу лесно можете да завршите во бездна.

И како сето тоа да не беше доволно, лошото време е честа појава, а маглата, дождот и снегот им прават големи проблеми на возачите на коловозот. Подгответе се за намалена видливост, лизгав и каллив терен и можни падови на карпи.

Од октомври секоја година некои делови од патот кои се издигнуваат над 2000 метри надморска височина се затворени поради зголемена опасност од снежно невреме и лавини кои можат да имаат и опасни последици.

Единственото нешто што може да ве спаси на тој пат е добрите возачки способности, па затоа не се препорачува за почетници да го возат. Месното население не се плаши од D915, преку него секојдневно поминуваат разни возила – од мотори до камиони.

Како изгледа кога возите мотоцикл на најопасниот дел од D915, погледнете во видеото на YouTube на каналот на Хозе Масланак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag