Можеби изгледа дека криенката не е тешка, но не заборавајте, имате само 7 секунди
Меѓу слоновите се крие една панда, а на вас останува да ја најдете за само седум секунди.
Криенката направена од унгарскиот уметник Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф, ве предизвикува да ги тестирате вашите перцептивни способности, пренесува „Јагранјош“.
На фотографијата има нацртано многу слонови во три бои, а меѓу нив е скриена една глава на панда.
Ваша задача е да ја пронајдете пандата за само седум секунди, што ја прави оваа задача уште потешка.
Па, дали успеавте да ја видите пандата?
Добро погледнете ја загатката, времето ви истекува.
Веруваме дека повеќето успеале да ја пронајдат пандата која се крие меѓу слоновите, а за оние кои се уште се мачат ви го нудиме решението подолу.