Како изгледа животот во најстуденото населено место на светот?

popara1 февруари, 20231min00
61463995

Многумина тврдат дека Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Тоа е село кое се наоѓа во Јакутија во источниот дел на Сибир.

Најниската температура е измерена во февруари 1933 година и изнесувала -71,2 степени Целзиусови. Ова е бројот што ќе го видите испишан на многу сувенири во Ојмјакон. Иако никогаш после тоа не е измерено, зимите овде се прилично сурови. На пример, во јануари е сосема нормално термометарот да покажува -50 степени Целзиусови, а моментално ојмјакончани се „греат“ на пријатни минус 33.

Ојмјакон порано беше место каде сточарите застануваа да ги напојат своите ирваси во блиските термални извори кои никогаш не смрзнуваат, но денес во него живеат околу петстотини жители. Животот во зимските месеци не е лесен, но населението се приспособи на екстремните услови.

Земјата е трајно замрзната во текот на целата година и речиси ништо не расте, па населението главно се храни со риба, ирваси и коњско месо и млечни производи. Тие, исто така, собираат шумски бобинки и ги мешаат со замрзнато млеко за да направат специјалитет од Ојмјакон сличен на сладолед од киорчех.

Овде само еден пар ракавици или еден капут не ви е доволен. Населението се облекува во повеќе слоеви, а од дома излегува само кога е потребно. Не е чудно што моторите на автомобилите не можат да се палат во овие услови, ниту пак авионите да полетуваат.

Чистиот воздух и домашната храна без индустриска преработка придонесуваат за здравјето на жителите на Ојмјакон, кои во просек живеат долго. Дури и кучињата се навикнати на студ, а сибирските хаски, наводно, можат да спијат на отворено на температури до -50 Целзиусови степени.

Погледнете како изгледа животот во Ојмјакон во нашата фотогалерија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag