Холивудскиот актер и прославен оскаровец Леонардо Дикаприо е една од познатите личности кои се посветени на зачувување на природата и заштита на загрозените видови, поради што во последните години учествуваше во голем број акции.
Додека неговите врсници ги користат социјалните мрежи за себепромоција, Ди Каприо отвори Инстаграм само за да шири пораки за зачувување и да ја подигне јавната свест за проблемите со кои се соочува Земјата и биолошката разновидност.
Затоа добил посебна чест – да именува новооткриен вид змија што живее во густите и недоволно истражени џунгли на пацифичкиот брег на Колумбија и северно од Панама.
За Лео немаше многу дилема, а новиот вид го нарече по мајка му, Ирмелин Инденбиркен, за природниот свет да биде побогат за видот Sibon irmelindicaprioae.
Без сомнение, тоа е гест кој би допрел до секоја мајка, но на мрежите по овој потег може да се прочитаат негативни коментари за Леонардо ди Каприо, бидејќи тој е еден од најпознатите „мамини синови“ во Холивуд.
The foothill forests of Panama, there is a snake the color of burnt embers, with round eyes like glowing coals. The snake, soon to be named DiCaprio's snail-eating snake (Sibon irmelindicaprioae), is one of five newfound species living in the jungles of Central & South America.😬 pic.twitter.com/24h0P1RfVq
— Sumner (@renmusb1) February 2, 2023
Ди Каприо е роден во Лос Анџелес во 1974 година, а неговиот татко Џорџ ди Каприо ги оставил мајка му и Лео една година по неговото раѓање бидејќи се заљубил во друга жена.
Тој, сепак, не сакал целосно да го напушти животот на својот син, па љубовницата на Џорџ и нивниот син Адам Фарар и Лео и неговата мајка Ирмелин живееле во соседните куќи и го делеле дворот. Меѓутоа, кога неговата мајка ја сменила работата, Лео и Ирмелин почнале да се селат и биле најголемата, а честопати и единствената поддршка во животот еден на друг.
Затоа и не е чудно што Ди Каприо е многу приврзан за мајка си и покрај сликата кој го следи, повеќе сака да ја носи на свечени настани отколку манекенката со која е во врска и ја користи секоја прилика да се заблагодари за се што направила за него.
Како што еднаш раскажал, кога имал само 12 години, еден ден рекол дека сака да биде актер, а мајка му веднаш сè му подредила остварувајќи ја неговата желба.
– Таа поддржа дете кое на 12 години рече: „Сакам да бидам актер“, што е смешно. Таа ме возеше на сите аудиции. Таа е единствената причина поради која можам да го правам тоа што го правам – изјави еднаш Лео.
Откако ја освои наградата БАФТА во 2016 година за улогата во филмот „Повратникот“, уште еднаш нагласи дека сè во животот и должи на Ирмелин Инденбиркен Дикаприо.
– Немаше да стојам овде да не беше таа личност – рекол актерот. – Не пораснав во привилегирани услови. Пораснав во многу грубо соседство во источен Лос Анџелес… Оваа жена ме возеше три часа дневно во далечно училиште за да ми даде поинаква можност.
Иако не може доволно да и се заблагодари за се, Ди Каприо дава се од себе за да ја израдува својата мајка, па во 2021 година и купи куќа во Лос Анџелес вредна 7,1 милиони долари и ја носи на сите важни настани на кои има чест да присуствува.