5 Начини како да се ослободиш веднаш од стресот

popara3 август, 20111min00
osloboduvanje od stresot naslovna

Потребно ти е некој вид на олеснување, сега, во овој момент? Без разлика дали си на работа или дома, овие пет едноставни совети ќе те опуштат и смират, за 1-2 минути.

1.Гледај во таванот и одбројувај

Гледањето нагоре го стимулира нервниот систем, со што се намалува крвниот притисок и го успорува ритамот на дишењето. Бавното одбројување (од 60 па до 1) исто така ќе помогне да ги ослободиш твоите мисли од надворешните влијанија, околината и целосно опушти се.

2. Запиши ги твоите проблеми и остави ги за утре

Запишувањето на твоите проблеми на хартија, и така нема никаде да побегнат, може да помогне да ги оттргнеш подалеку од тебе додека се обидуваш добро да се одмориш.

3. Дишење (вдиши преку нос и уста, 10 пати)

Длабокото дишење го успорува срцето и го смирува целото тело. Фокусирај се на стомачните движења, додека вдишуваш-издишуваш, тоа ќе ти помогне да се концентрираш на твоето тело, наместо околината. Обиди се да го почувствуваш твоето дишење како циркулира и допира до секој дел од твоето тело, отпуштајќи го стресот од тебе при секое издишување.

4. Замисли дека “лебдиш” на облаци

Визуелизацијата е моќна медитациска алатка која може да ти понуди привремено бегство од секојдневните грижи и стрес. Активирај ги сите сетила: замисли си што сакаш да видиш, чуеш, па дури и каков мирис те обвиткува на твоето мирно замислено место.

5. Полека затегни ги и опушти ги мускулите на целото тело

Телото реагира на стрес целосно затегнувајќи ги мускулите, што може да предизвика болка и непријатност. Прогресивните мускулни релаксации ја намалуваат напнатоста на мускулите и општата ментална вознемиреност. Полека затегни ги и опуштај ги мускулите, се додека не се ослободиш од негативните чувства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma