Не ве лажат очите, тоа навистина се КРАВИ кои пасат на стамбена зграда!

popara11 февруари, 20231min00
62475723-instalacija-povratak-krava-sergeja-dotta

Главниот град на Германија е полн со интересни културни и уметнички атракции. Некои од нив не се ни лоцирани на популарни локации во центарот. Напротив, тие можат да се најдат и во тивките улици како Дитрих Бонхофер во берлинскиот кварт Пренцлауер Берг.

На пример, на станбената зграда во куќата број 23 на оваа улица, ќе видите необична глетка – крави во природна големина како пасат по зелената фасада и им пркосат на законите на гравитацијата.

Шесте шарени крави се направени од тенок полиестер материјал и се дел од чудната уметничка инсталација на Сергеј Дот наречена „Die Rückkehr der Kühe“, односно „Враќањето на кравите“.

Дот е специјализиран за различни типови инсталации поставени на неочекувани јавни простори, особено оние поврзани со кравјата уметност, имено Kuhunst – игра со германските зборови kuh (крава) и kunst (уметност).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag