Пронајдете ја жабата во купот лисја: Криенка што ги тера корисниците на социјалните мрежи да ги загубат нервите

popara11 февруари, 20231min00
frog-original-830x0

Добро отворете ги очите и вооружете се со трпение

Некои криенки ги решаваме со леснотија, а за некои ни требаат четири очи и нерви како јажиња. Криенката пред вас припаѓа на оваа втората категорија.

Уметникот кој ја дизајнирал се потрудил добро да ги намачи сите оние кои ќе решат да тргнат во потрага по жабата која се сокрила во купот лисја.

Дали веќе ја „ѕирнавте“ илустрацијата?

Среќата ве погледна и веќе ја најдовте жабата?

Ако не сте, еве ви шанса да се потпрете на вашата добра моќ на набљудување и да ја решите оваа криенка брзо и ефикасно. Најбрзиот успеал за 10 секунди.

Дали ќе бидете побрзи?

Знаеме, ви се чини дека жабата би можела да се крие во секој дел од илустрацијата, но секако дека не е така – избрала посебно место од каде ве набљудува и ве предизвикува да ја пронајдете.

Како и секогаш, ќе ве запознаеме и ќе се обидеме да помогнеме – фокусирајте се на десниот дел од илустрацијата.

Скриената жаба сè уште ви задава маки? Погледнете го решението подолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag