Сместен на важна стратешка точка, Трст отсекогаш бил интересен. Особено што во изминатиот век беше сосема вообичаено многу туристи да одат на кафе во овој италијански град.
Историјата на Трст не враќа со милениуми наназад. Сепак, најзначајниот период за развојот на градот било владеењето на Хабсбуршката империја.
Кон Италија е припоен во 1920 година, кога ја изгубил својата важност во економска и културна смисла, за во текот на Втората светска војна да остане запаметен како единствен италијански град во кој имало концентрационен логор, истакнува „Трст-туризам“.
Денес, многу туристи со задоволство го посетуваат Трст.
Познат е по бројните величествени градби и одличната гастрономска понуда.
Градот на кафето
Кога Трст функционирал како слободно пристаниште, градот станал познат по своето кафе. Слободно може да се каже дека кафето е дел од духот и шармот на овој италијански град.
Посебна атмосфера е пиењето кафе во еден од историски значајните ресторани. Основано во далечната 1825 година, „Томасео“ се смета за најстарото кафуле во Трст. Сместенo на истоимениот плоштад, билo чест избор на многу познати патници кои го посетиле овој италијански град.
Трст крие бројни атракции
Духот на градот и уживањето во феноменалниот вкус на кафето Трст го нудат и многу други кафулиња. Интересно е да се забележи дека има дури и Универзитет за кафе во Трст.
Во Трст не недостигаат изненадувања
Каде и да погледнете, ќе наидете на атракција. Неокласични градби, прошетка низ шармантните улици на Трст или посета на замоците во околината се само дел од омилените активности на туристите.
Базиликата Санта Марија Маџоре, во близина на која има постара црква посветена на Свети Силвестер, е една од атракциите на Трст. Недалеку од нив се наоѓаат остатоци од антички театар, изграден во текот на првиот век.
Не помалку величествена е градската тврдина Сан Џусто, под чии ѕидини се наоѓа истоимената катедрала.
Во непосредна близина на градот се наоѓа замокот Мирамаре, кој нуди феноменален поглед на Јадранското Море. Изграден во текот на 19 век, овој објект се карактеризира со белиот камен од Истра, од кој е изграден.