Резултатите се фантастични
Секое саксијско цвеќе треба повремено да се подхранува, особено за време на вегетативниот и цветниот период. Љубителите на цвеќиња често бараат идеално решение за да им помогнат на своите цветни миленици да останат здрави и прекрасни.
Иако има многу комерцијално достапни хранливи материи за цвеќиња, овој домашен и природен раствор често е подобар избор.
Имено, можете да направите препарат кој ќе ви ги опорави цвеќињата и ќе го забрза нивниот раст.
Се што ви треба за овој раствор се квасец, шеќер и вода.
Хранењето на растенијата со растворот на база на квасец ќе им даде брзи резултати и побујна појава. Тајната на квасецот е во тоа што содржи бактерии кои се добри за растението, фитохормони и витамини – сето тоа му помага на растението побрзо да расте.
За овој препарат ќе ви требаат:
- 50 грама квасец
- 5 лажички шеќер
- 5 литри млака вода
Измешајте ги сите состојки и оставете два до три часа на топло место. После тоа, измешајте сè и растворот е подготвен за употреба.
Во зима доволно е да го полевате растението со оваа смеса два пати месечно, а за време на летните горештини тоа можете да го правите секоја недела.