ГИ ИМАМЕ СИТЕ ДОКАЗИ ДЕКА ЦРВЕНАТА Е ГЛАВНИОТ ТРЕНД ЗА ПРОЛЕТ 2023: Од настапот на Ријана до модните писти – оваа боја е насекаде

popara18 февруари, 20231min00

По Супербоулот одржан во неделата и настапот на познатата Ријана, разговорот не престанува за нејзината црвена облека – светло црвен комбинезон Loewe, кожен макси капут од Alaïa, MM6 Maison Margiela x Salomon патики, но исто така детали како рачниот часовник Jacob Brilliant Skelton Northern Lights и црвено обоени нокти и усни.

 profimedia-0755633152.jpg

Но, црвениот аутфит не е случајност, ниту пак црвената боја е избрана само од причина што е впечатлива на сцената.

 profimedia-0755788910.jpg

 profimedia-0730246509 (1).jpg

Според најновите модни ревии на неодамна одржаните модни недели во Њујорк и Копенхаген, црвената е следниот голем тренд.

 profimedia-0755289491.jpg

 profimedia-0755289353.jpg

Екстраваганција, театрален изглед, ексцентричност, гламур, романтика, провокација – сето тоа се крие зад чудесните пердуви како детали од модните креации.
Од светло црвена до онаа која е проткаена со розови, портокалови или повеќе пригушени тонови, црвената (повторно) е на модното поле. Силна и секси, таа окупираше сè, од прекрасни фустани до јакни, панталони, чанти, чевли…

 profimedia-0751269293.jpg

И за крај, да не заборавиме да погледнеме наназад на Доџа Кет која беше во центарот на вниманието за време на ревијата на високата мода на Скиапарели – во екстравагантно црвено издание кое шокира и импресионира во исто време. Сега знаете со која боја нема да погрешите оваа пролет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma