Дури и почетниците лесно можат да го подготват овој колач
Брзо, лесно и вкусно уживање.
Состојки:
2 јајца
100 грама брашно
200 гр шеќер
200 мл млеко
50 грама путер
100 гр суво грозје
1 прашок за пециво
Подготовка:
Во мало тенџере ставете 200 гр шеќер да се растопи. Кога ќе се растопи и ќе добие фина и светла боја, додадете го во 200 мл млеко да проврие и карамелот да се растопи.
Оставете да се излади. Изматете ги јајцата, додадете го брашното со прашокот за пециво.
Додадете ги стопениот путер и сувото грозје. Сè лесно измешајте и истурете во мала тава обложена со хартија за печење.
Се пече на 200 степени околу 40 минути.