Можеби мислите дека сте заљубени и дека сакате, но овие 6 знаци откриваат дека всушност сте емоционално зависни!
Многу врски изгледаат хармонично, складно, партнерите се сакаат и почитуваат… Но кога ќе загребете малку под површината, во многу врски нема љубов, туку всушност емотивна зависност. Таквите луѓе се заглавени во одредена фаза од својот живот и соодветно се однесуваат кон другите. Тие не се во состојба да ги задоволат сопствените потреби, ниту да станат рамноправен партнер на друга личност.
Не му дозволувате на партнерот да го живее својот живот
Партнерот мора постојано да ги задушува сопствените желби и аспирации, а причината за тоа е вашата постојана потреба за негово внимание. Не му дозволувате да си го живее животот, очекувате целото слободно време да ви го посвети на вас.
Го обвинувате за сите ваши неволји
Емоционално зависните луѓе секогаш ги обвинуваат сите други, освен самите себе, за нивните проблеми, особено блиските луѓе. Забораваат дека сами сме одговорни за себе.
Ве фаќа паника кога го нема
Почнува да ве фаќа паника секој пат кога тој доцни или не се јавува на телефон. Во такви моменти се чувствувате напуштено.
Патолошка зависност
Ви се чини дека не можете да преживеете без таа личност во вашиот живот. Само покрај неа се чувствувате вредно.
Се изолиравте од другите
Создадовте свет во кој живеете само вие и вашиот партнер. Кон сите други луѓе, дури и со пријателите и роднините, имате одредена дистанца.
Го копирате партнерот
Еден од знаците на емоционална зависност е преземањето на вкусот, желбите, преференциите, од партнерот. Човек ја губи својата личност и идентитет, спојувајќи се со својот партнер.
Доколку забележите некој од овие знаци во вашето однесување, тогаш време е да го промените односот кон себе и кон партнерот. Љубовта е прекрасна и секоја личност заслужува да биде третирана со грижа и почит од друга личност, но треба да знаете дека партнерот не може да биде ваша сопственост. Секој е личност сам за себе и целта на љубовта е да се поддржуваме, да се сакаме со сите свои маани и доблести, да се надополнуваме, а не да се воздржуваме и контролираме.