Нијмеген: Европскиот град за кој скоро никој не чул, но од кого можеме многу да научиме!

popara9 март, 20231min00
62496049-nijmegen

Доколку сакате да патувате во места во Европа каде што воздухот е чист, има доволно зеленило, а еколошкиот стандард е висок, наградата за најзелен град може да ви послужи како водич. Европската унија ова признание за прв пат го додели пред повеќе од 20 години на Стокхолм, а еден од градовите кои се најдоа на врвот на зелената листа е Нијмеген, пристаниште на реката Ваал во источна Холандија, на десет километри од германската граница. Нијмеген првично беше индустриски град, но го замени своето сиво со зелено, и секоја година градот прави нешто ново за да ја исполни својата зелена репутација.

Дел од енергијата што градот ја троши доаѓа од ветерот, а голем број граѓани ги заменија автомобилите со велосипеди, барем кога одат на работа. На располагање им се дури 60 километри одлични велосипедски патеки и патишта. Наместо метални или камени огради, засадени се живи огради или дрвја. Жителите ревносно рециклираат и го намалуваат количеството отпад од година во година.

Според статистичките податоци, секој жител на Нијмеген има 92 квадратни метри зелена површина. Историскиот центар на градот е резервиран за пешаци, а автобусите се движат на еколошко гориво. Покрај тоа, се развиваат програми за поттикнување на споделување автомобили. Нијмеген прави некои од најхрабрите чекори во Европа кога станува збор за екологијата.

Пред неколку години, тие ја затворија електраната на јаглен и ја претворија во соларен парк во кој се сместени 9.000 соларни панели и две турбини на ветер кои напојуваат речиси 400 домови во градот.

Nijmegen - 3

Сепак, малку луѓе надвор од Холандија дури слушнале за чистиот, прогресивен и динамичен Нијмеген, а тој е под радарот дури и за туристите, без разлика на прекрасната река Ваал која го дели градот на два дела, пријателски расположени луѓе и зеленило. Доколку се одлучите да го посетите, задолжително пробајте некој од рестораните каде ќе најдете вегански специјалитети. Посебно пофален е De Nieuwe Winkel, вегетаријански ресторан со одлично јадење со две класични ѕвезди на Мишелин (и една зелена), каде готвачот Емил ван дер Стаак и неговиот тим создаваат гастрономска магија без месо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag