
Јаткастите плодови или семките можат да бидат многу хранливи како ужина и како додаток во оброкот. Но, како и мешунките, тие можат да ја попречат способноста на телото да ги апсорбира хранливите материи.
За да ги направите покорисни во исхраната, подобро е да ги користите овие намирници така што претходно ќе ги натопите во вода. Јаткастите плодови содржат голема количина ензимски инхибитори, поради што тешко се варат и може да предизвикаат стомачни проблеми. Затоа е подобро да ги потопите во вода за да ги неутрализирате ензимите.
Што ви е потребно за да направите вкусен и здрав оброк:
– 4 чаши сирови несолени јаткасти плодови по ваш избор
– 1-2 лажици нерафинирана сол
– филтрирана вода

Подготовка:
Во сад со средна големина ставете ги оревите, посолете, налејте вода и поклопете. Оставете да отстои најмалку 7 часа, по можност преку ноќ.
Потоа исплакнете ја солта и оставете да се исушат. Можете да ги ставите во рерна на најниска температура, па ќе бидат покрцкави и повкусни.
Еве колку време е потребно за да се потопуваат јаткастите плодови и семките:
- Бадеми 12 часа
- Ореви 8 часа
- Лешник 8 часа
- Семки од тиква 7 часа
- Ленено семе 6 часа
Доколку се потребни повеќе часови за да се потопат плодовите, се препорачува водата да се менува на секои 8 часа, пишува „Телеграф.рс“.