Една корисничка на „TikTok“ покажа трик кој може да ви биде од корист
Една корисничка по име Британи од Северна Каролина откри како да провери дали месото е свежо, дури и кога е во пакување.
„Само мал совет, кога купувате месо и го гледате месото низ пакувањето, опипајте го за да видите дали е добро“, рече таа во видеото на „TikTok“. Потоа нагласи на што треба да обрнете посебно внимание. Вели дека треба да се избегнуваат пакувања со воздух и меурчиња. Бритни верува дека воздухот во пластичната амбалажа е сигнал дека месото ја променило температурата „премногу брзо“.
„Секогаш избегнувајте да купувате месо чие пакување е вака надуено“, советуваше таа.
Видеото кое собра над 2,5 милиони прегледи може да го погледнете ТУКА.
Еден корисник во коментарите додаде: „Исто така бактериите произведуваат вишок воздух како нуспроизвод, што е знак дека воопшто не треба да го купувате“, а потоа друго лице напиша: „Моите родители се готвачи, го научив ова пред години. Мило ми е што некој го сподели ова јавно“.