Не секој комплимент е добар: Што жените НАВИСТИНА сакаат да слушнат од мажите?

popara17 март, 20231min00
Ljubavni-par-izlazak

Дури 36 отсто од понежниот пол погрешно ќе ги толкуваат комплиментите на сметка на својот изглед

Никој не е имун на комплименти, а жените особено уживаат во комплиментите за себе. Но, дамите не реагираат исто на секој убав збор што ќе им го каже мажот, туку „паѓаат“ само на посебни.

Британско истражување, во кое учествувале повеќе од 2000 луѓе од двата пола, покажало дека жените најмногу сакаат да слушнат кога мажот ќе им каже дека се згодни.

Голем број жени, дури 43 отсто, обожаваат да слушаат „пофалби“ за својата фигура, па најсреќни се кога некој ќе изјави дека имаат совршена фигура. Исто така, 40 отсто од жените најмногу се радуваат кога некој ќе им каже дека имаат убава насмевка, додека помал процент се воодушевуваат со комплименти за косата, очите и мирисот.

Ако мажите мислат дека е доволно да дадат неколку комплименти и да го освојат женското срце, грешат. Дури 36 отсто од понежниот пол погрешно ќе ги протолкуваат комплиментите на сметка на својот изглед.

На пример, ако некој им каже дека шминката им е убава, 14 проценти тоа го сфаќаат како предупредување дека претеруваат или дека не се природно убави. Некои жени се навредуваат и кога мажот ќе им каже дека имаат убави облини бидејќи тоа го поврзуваат со вишок килограми.

Од друга страна, зборовите на кои секоја жена реагира негативно и кои мажите никогаш не треба да ги кажат во нивно присуство се: дебелина, уморно лице и нерасположение. Нема да им се допадне, дури и да се свесни дека е кажано со најдобра намера, истакнуваат експертите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag