Нучниците поривот за зевање кога ќе видите дека тоа го прави некој друг го нарекуваат „заразно зевање“. Со други зборови се работи за автоматска имитација на друга личноност, пишува во студијата која е објавена во магазинот „Current Biology“.
„Заразното зевање“ не е единствено за луѓетпо. И други животни, вклучително и шимпанзата и кучињата, исто така се подложни на овој геномен. Причината поради која зевањето се шири од еден на друг сепак не е позната.
За да се проучи што се случува со мозокот кога некој ќе видите дека зева, научници од Англија набљудувале 36 возрасни лица кои гледале видео снимки од земање на други луѓе.
Користејќи транскранијална магнетна стимулација, научниците измериле мозочна активност кај учесниците за време на експериментот.
Во еден од експериментите луѓето биле замолени да се обидат да се воздржат од зевање додека ги гледаат снимките, додека другите зевале. Потоа учесниците биле замолени да го направат спротивното.
Научниците утврдиле дека нагонот на зевање се зголемува кога се обидувате да се воздржите.
Истражувачите пронашле дека склоноста кон зевање е поврзана со нивото на мозочна активност во моторички контекст, што поголема активност тоа е поголема веројатноста дека лицето ќе зева. Кога научниците примениле електрична струја во тоа подрачје на мозокот, нагонот на зевање се зголемувал.