Тропска атмосфера во Европа: Големиот воден парк во кој може да се бањате, да сурфате и да се сончате под палми во текот на целата година

popara23 март, 20232min00
62505021-tropical-islands-resort-u-njemackoj

Најголемиот тропски воден парк во Европа се наоѓа на педесет километри од Берлин во поранешен хангар за авиони. Tropical Island Resort зафаќа 6,47 хектари и може да прими до 6.000 гости истовремено. Најдобро од се? Отворен е во текот на целата година.

Во хангарот преовладуваат вистински тропски услови – топол и влажен е сите 365 дена од годината – без оглед на временските услови надвор, кои можете да ги гледате преку стаклениот покрив.

Во паркот доминира прашума која се простира на 10.000 квадратни метри, во која се засадени 50.000 растенија. Во него живеат и разни тропски животни како што се фламинго, пауни и црвени и сини ара папагали.

Наменет е за гости од сите генерации и профили. Tropino Club е наменет за деца, кој нуди возење со мини брод, забавни тобогани и игри на вода кои никогаш нема да станат здодевни.

Возрасните можат да се релаксираат во лагуната по моделот на оние во Бали, да уживаат во сауна или други спа услуги и да се капат во таканареченото „тропско море“ кое зафаќа површина со големина на три олимписки базени.

Tropical Islands Resort u Njemačkoj - 1

Во рамките на водениот парк, можете да јадете во ресторани кои служат сè, од хамбургери и пици до азиска кујна, но можете да спиете и во шатор. Tropical Island Resort нуди кампување во водениот парк. Надворешната област наречена Амазонија нуди и спуштање по вештачката река, како и сурфање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma