
Проблемите со тироидната жлезда ги погодуваат жените пет до осум пати почесто од мажите. Сепак, секое лице, без разлика на пол или возраст, може да биде погодено од проблеми со тироидната жлезда, предупредува д-р Ручи Габа од Медицинскиот факултет Бејлор, Хјустон.
Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа ниско во предниот дел на вратот и е одговорна за регулирање на метаболизмот во телото. Тироидната жлезда ги произведува хормоните Т3 тријодотиронин и Т4 тироксин, кои влијаат на регулацијата на телесната температура, метаболизмот, отчукувањата на срцето и функционирањето на нервниот систем, а кај жените на репродуктивниот капацитет.
Ако нема доволно јод – не се произведуваат доволно тироидни хормони и целиот организам не функционира.
Јодот е основна градбена материја на тироидните хормони и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива. Кога нема доволно јод на располагање, тироидната жлезда прогресивно се зголемува (расте гуше) бидејќи се обидува да ја следи побарувачката за производство на тироидни хормони. Во гушата може да се развијат јазли. Пациентите со голема гушавост може да имаат симптоми на гушење, особено при лежење, тешкотии при голтање и дишење.
Јодот игра голема улога во синтезата на тироидните хормони, но и за здравјето на мозокот и имунолошкиот систем. Со оглед на тоа што јодот го земаме од храната и од јодираната сол, теоретски гледано, во денешно време не треба да го чувствуваме неговиот недостаток. Меѓутоа, се случува спротивното, бидејќи се занемарува ефектот на халогените елементи врз апсорпцијата на јод. Ако во исто време внесеме јод, хлор, флуор и бром, тие се натпреваруваат за истите рецептори во клетките, а кога ќе ги окупираат тие рецептори, се истиснуваат еден со друг. Победува оној кој е во поголема концентрација и посилен. За жал, јод обично го има премалку. Иако го добиваме преку храната, нема доволно на располагање.
Д-р Гери Ворен истакнува дека од клучно значење е да се зголеми внесот на јод, кој е одговорен за функционирањето на нашиот организам во целина. Бидејќи телото не го произведува, јод мора да се внесува секојдневно.
На овој начин можеме да се заштитиме и тоа мора да биде основна активност. Многу е лесно, треба да го зголемите дневниот внес на јод до 30mcg/kg – безбедната горна граница што ја одредува Светската здравствена организација – СЗО.
Најдобри извори на јод се алгите и морската риба.