
Накитот треба да се одржува и чува, особено среброто, кое со текот на времето потемнува и добива боја која е сè само не привлечна за носење.
Доколку забележавте дека вашето омилено парче сребро потемнело, не грижете се, тоа е сосема природен процес, а отстранувањето на тој темен слој воопшто не е комплицирано.
Згора на тоа, со неколку состојки, вашиот сребрен накит повторно ќе блесне со стариот сјај.
Веројатно веќе ги имате дома сите работи кои ви се потребни, а трикот кој денес ви го подготвивме е многу лесен, ефикасен и брз.
Што ви е потребно за чистење на сребрен накит дома?
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажичка детергент за садови
алуминиумска фолија
1 чаша топла вода
четка за заби
чинија
Ставете парче алуминиумска фолија на дното на садот што сте го намениле за овој процес на чистење на среброто.
Истурете топла вода, потоа додадете сода бикарбона и сол, а потоа и детергент за миење садови.
Се добро измешајте.
Потопете го сребрениот накит што треба да се чисти и оставете го да отстои 10 минути.
Потоа нежно исчистете го секое парче накит со четка за заби и исплакнете го во ладна вода.
Ставете ги на крпа да се исушат, а потоа избришете ги.
Оваа постапка на чистење на сребрен накит треба да ја правите еднаш месечно.