Често потенцираме дека од нашите навики зависи и квалитетот на нашето живеење. Придржувањето до добрите навики и исфрлањето на лошите може да ни помогне во исполнување на нашите цели, но и постигнување среќа.
Луѓето кои успеваат да го направат тоа имаат неколку заеднички карактеристики:
- Имаат јасни цели и се одлучни за да ги исполнат. Според нив, ако не знаете каде одите, како ќе знаете дека сте стигнале?
- Што сакате да постигнете со своите цели? Напишете на лист хартија кој ќе го залепите во својот дом или канцеларија и така полесно ќе останете посветени.
- Овие луѓе сфаќаат дека не постои совршен живот, но добро е да се прифатат и добрите и лошите денови во животот, но да сфатиме дека најголем дел од промените зависат од нас.
- Овие луѓе го бараат и често го наоѓаат тоа што е најдобро за нив.
- Најчесто го прават тоа што го сакаат, бидејќи таквата посветеност им носи среќа која се провлекува во останатите области на нивно живеење.
- Свесни се дека голем дел од работите во животот бараат борба.
- Во нивниот фокус не е само губењето на килограмите или слабеењето, туку пред сè нивното здравје и благосостојба.
- Секогаш ги поместуваат своите граници. Постојано.
- Благодарни се на нештата кои ги направиле и постигнале, бидејќи сфаќаат дека благодарност го менува светот.
- Не се сфаќаат себеси пресериозно, се справуваат со негативните емоции и не дозволуваат стресот да ги победи.