Вака изгледа животот во стан од само 9 квадрати за 750 евра во Париз

popara5 април, 20231min00
62516645-pariski-stanovi-su-vrlo-skupi-za-najam

Животот во Париз не е евтин. Просечните цени за изнајмување на станови во главниот град на Франција зависат од локацијата и големината на станот. Студио може да се најде по цена од 1.000 до 2.400 евра. Но, ако не сте премногу пребирливи, можете да најдете подостапно сместување.

Викрам е еден таков млад човек – овој Јутјубер, попознат по прекарот Timvix, живеел во Париз во микро-стан од само девет квадрати и плаќал месечна кирија од 750 евра.

Иако е многу мал простор, тоа било доволно за кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро – па дури и туш кабина. Имало и место за чување лични предмети – од облека до прехранбени производи, тенџериња и други прибор.

Единствено што му недостигало во тој микро-стан е тоалетот – се наоѓал во ходникот надвор од станот и го делел со друг сосед.

Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.

Како изгледа кога човек живее во микро-стан од девет метри квадратни, погледнете во видеото на Мајанк Сехгал на YouTube.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma