Често можеме да прочитаме разни трикови за украсување јајца, но докажаните мали совети, кои се можеби најважни и кои можете да ги слушнете само од искусните мајки и баби, тешко е да се најдат детално, па еве можност да за потсетување.
Познато е дека пред Велигден најбарани се белите јајца кои најлесно се бојат во саканата нијанса која одлично ќе се залепи за нив.
Но, тие често не се достапни во продавниците, а се многу поскапи од обичните, па не вреди да се купуваат. Но, дали знаевте дека може да се добијат и од обични јајца?
Состојки:
– 250 мл алкохолен оцет
– 750 мл вода
– десетина јајца
Подготовка:
Јајцата се ставаат во сад да стојат во еден ред. Вклучете на умерена температура. Прелијте со смеса од оцет и вода. Кога ќе зоврие, варете уште 15 минути, постојано тргајќи ја пената. Потоа изладените јајца истријте ги со нов сунѓер под ладна вода.
После тоа, прелијте ги јајцата со ладна вода за малку да се изладат, па со сунѓер под млаз вода отстранете ги останатите лушпи.
Оцетот ќе го нагризе површинскиот слој на лушпата и ќе ја отстрани кафената боја. Внимавајте при чистењето, бидејќи јајцата се малку почувствителни.
Исто така, имате можност да го ставите јајцето во стаклен сад и да го прелиете со оцет. Оставете го вака додека не забележите дека течноста постепено ја менува бојата.