Експерти од американскиот универзитет „Вандербилт“, кои го проучувалe количеството сива материја во мозокот на осум вида месојади (кучиња, мачки, ракуни, хиени, лавови, кафени мечки), откриле дека кучињата се поинтелигентни од мачките. Иако според претходните истражувања мачките беа на прво место, со околу 300 милиони неврони, а кучињата беа на второ место со приближно двојно помалку неврони (160 милиони), новото истражување донесе различни сознанија. Се покажало дека кучињата, со 530 милиони неврони, имаат незаменлива мозочна моќ во споредба со другите месојади, додека кај мачките таа изнесува 250 милиони неврони. За споредба, луѓето имаат околу 16 милијарди неврони, а нивниот број во мозокот е поврзан со поголемата интелигенција.
– Нашите резултати покажуваат дека кучињата имаат биолошка способност да прават многу покомплексни и пофлексибилни работи отколку мачките – вели бразилската научничка Сузана Херкулано Хаусел, невролог од универзитетот „Вандербилт“.
Таа смета дека апсолутниот број на неврони кај животните го одредува „богатството“ на нивниот ум, како и можноста да предвидат што ќе се случи во околината засновано врз претходните искуства.