16 славни личности кои се попаметни отколку што мислевте

popara4 август, 20113min00
shakiraa

Генерално, не треба да сте препаметни за да стигнете до Холивуд. Напротив, патот дотаму им е уште полесен на оние кои изгледаат прекрасно, или пак едноставно имаат среќна ѕвезда. Сепак, постојат славни личности за кои знаеме дека се паметни (на пример, Натали Портман) и многу, многу други за кои мислевме дека немаат ни грам памет (Метју Меконахи, Тара Рид). Како и да е, ако посветите повеќе време анализирајќи ги, и самите ќе заклучите дека се попаметни отколку што сте процениле дека се. Тоа се оние ѕвезди кои онака, попатно изгледаат остроумни, а се збогатиле или станале славни изгледајќи банално на ТВ екраните. Еве 16 од нив:

16: Ален Рашинс

Ален Рашинс кого го паметиме од сериите Дарма и Грег, во улога на стар хипик и татко на Дарма. Тој едноставно, како да прелета низ улогата, давајќи сѐ од себе што поверодостојно да го изимитира Томи Чонг. Улога, карактеристична по постојано изгубениот изглед и претпоставките што би можело да се случи. Сепак, се испостави дека остроумноста и интелигенцијата на Рашинс го доведоа до успешна театарска кариера, а беше и дел од тимот на сценаристи и режисери на Американскиот Филмски Институт. А, да, да не заборавиме, тој е и активен член на МЕНСА, што го прави поприлично интелигентен.

 

15: Кејт Бекинсејл

Еве, на пример моја претпоставка би била дека не треба да си којзнае колку интелигентен да играш во продолженијата на Underworld, потоа да прифатиш улога во уште полош филм, каде тематиката е вампири. Па и главна улога во Перл Харбор. И покрај тоа што и даваат улоги за да го разубави филмот, Кејт била добро прифатен писател во тинејџерските години. Дури двапати добила награда, од кои едната била за кратки новели, а другата за поеми. Била студент по руска и француска книжевност, кога решила комплетно да се фокусира на актерството. Од друга страна пак, можеби и не е дотолку интелигентна…правејќи ја повторно истата грешка со филмовите Click, Vacancy, Whiteout, и уште едно продолжение на Underworld.

 

14: Клер Денс

Актерската кариера на Клер Денс е разнолика. Играше во едни од најубавите холивудски производи како на пример, Romeo & Juliet, Shopgirl, The Hours, а и во некои не толку добри, попат  Terminator 3: Rise of the Machines. И покрај тоа што кариерата ја започнла на 15 години, успеала да се запише на еден од најпрестижните факултети, Јејл, по препорака на Оливер Стоун, студирајќи Психологија. Спорно е дали успеала да влезе заради името или пак заради тоа што навистина е талентирана, сепак доволно зборува фактот дека успеала да остане на Јејл само две години,  напуштајќи го истиот со зборивите: „Сакам пофокусирано да работам на мојата актерска кариера“. И покрај сѐ, во морето од холивудски актери, можеме слободно да кажеме дека се разликува од повеќето.

 

13. Асија Карера

Асија Карера, позната порно ѕвезда во 90-тите, која одеднаш ги промени мислењата за неа, покажувајќи колку е интелигентна. Што мислите вие? Нејзиното IQ изнесува 156, член е на МЕНСА, на 15 годишна возраст  имала неколку пијано изведби во Карнеги Хол, на 16 години подучувала англиски во Јапонија…а, да добила и целосна стипендија за Рутгерс Универзитетот. Па да, паметна е. Не сакајќи да го прави она што нејзините го очекуваат од неа, таа ја продолжува својата кариера како порно актерка.

 

12. Стив Мартин

Колкупати сме го гледале Стив Мартин како олицетворение на глупоста, неинтелигентноста, апсурдноста? Сепак, ако само малку прочепкате, ќе дознаете дека тој е активен член на МЕНСА, неверојатен сценарист, композитор и добитник на Греми награди.

 

11. Фамке Јансен

http://www.youtube.com/watch?v=oKSMsKgTMfg&feature=player_embedded

Не е во ред едноставно само да се заклучува дека Бонд  девојките се глупави и дека само го „зашеќеруваат“ филмот. Еве на пример, Фамке Јансен е неверојатно интелигентна. Поранешен модел кој играше и во  Golden eye и во продолженијата на X-Men. Зошто Јанке е на листава?  Таа студирала на Колумбија и за разлика од многу други актери успеала да дипломира на креативно пишување и книжевност. Во нејзиното CV стои и дипломата од завршени студии по економија од Универзитетот во Амстердам, таа е Амбасадор на Добра Волја на ОН и дел од тимот на ОН за борба против корупција.

 

10. Хеди Ламар

Многумина можеби и не чуле за неа, но таа се сметаше за една од најубавите жени во светот. Доколку одреден режисер имаше слика во главата дека за филмот му е потребна заводница, првото име кое им се вртело низ глава била токму Хеди Ламар. Хеди беше една од најголемите ѕвезди на МГМ студијата, но и изумител…токму заради неа, денес користиме мобилни телефони. Се зачудивте? Не, таа не го измисли мобилниот телефон сама, едноставно беше коизумител на една од најпрактичните работи на денешнината.

 

09. Мет Дејмон

http://www.youtube.com/watch?v=ZWTzyU5MFgM&feature=player_embedded

Чисто за споредба, погледнете ги двете видеа со Мет Дејмон. Во едното е прикажан како дел од поп културата, а во другото ревносно, луто, елоквентно и мошне интелигентно дава критика на Сара Палин. Како да има чип, кој успева да го програмира во два дијаметрално спротивни карактери. Потсетете се на фактот, дека тој и Бен Афлек го напишаа сценариото за Good Will Hunting, вклучувајќи ја и онаа мошне моќна сцена за војните кои ги води Америка. Можеби нема да се согласите со него, но мора да признаете дека е проклето интелигентен.

 

08. РЗА

Стереотипот за тоа дека рапот е создаден од гневни млади луѓе, необразовани и неинтелигентни, повеќе не може да се оправда, имајќи на памет дека поголемиот дел од нив зборуваат за социјалниот живот и политичките неправди во своите музички композиции. Еве, да го земеме за пример РЗА, предводник на Wu-Tang Clan, кој е неверојатен музичар, композитор, актер, режисер и сценарист. А да, и исклучителен шахист, кој успева да ги собере маалските деца, да ги подучува шах, инвестирајќи во нивната интелигенцијата и остроумност.

 

07. Шакира

Немам многу информации за Шакира, освен тоа дека е ниска и дека навистина нејзините колкови не лажат. Сепак, од доверливи извори дознавам дека таа не е типчна поп ѕвезда, односно дека нејзиното IQ е140. Освен тоа што зборува три јазика  флуентно и уште три солидно, таа е голем филантроп, Амбасадор на ОН за Добра Волја..треба ли да се набројува уште?

 

06. Стоја

Стоја е уште една порно ѕвезда на листава, која плени со нејзината елоквентност и размислувања за сексот, технологијата и алтернативната култура. Ако на пример го читате нејзиниот блог, веднаш ќе ја воочите нејзината интелигенција, речитост и јасна мисла за влијанието на технологијата врз денешнината преку најразлични примери од секојдневието. Таа секако го заслужува нашето внимание.

 

05. Синди Крафорд

Ако речеме дека Синди Крафорд е сѐуште прекрасна на 45 години е потценување на векот. Таа е една од најубавите и најбараните модели на 90-тите, а денес по една деценија изгледа исто. Но, да се навратиме на нејзината интелигенција. Како една од најдобрите ученици, таа добила стипендија да студира хемиско инжењерство. Се разбира, еден семестар подоцна изникнала можноста за кариера во модната индустрија…и на студиите им дошло крај…

 

04. Рован Аткинсон

Во САД е познат по комичната улога на г-дин Бин, возрасен човек заробен во телото на дете со ограничен интелект. Токму ова не наведува да мислиме дека тој и во вистинскиот живот е таков. Сепак, неговиот карактер е сосема различен од оној кој го оцртува во филмовите. Тој е неверојатно интелигентен, политички активен магистер електроинжењер, кој својата магистратура ја брани на Оксфорд.

 

03. Лиса Кудроу

Најпозната по улогата на Фиби во Friends и Роми во филмот Romy and Michele’s High School Reunion. И покрај стереотипните погледи на нејзиниот интелект, таа е навистина паметна, судејќи по фактот дека голем дел од нејзините тинејџерски и  студентски денови ги поминува во лабораторијата на истражувачкиот центар при Универзитетот Васер. Има добиено најмногу Еми номинации и награди…сепак тоа не е пресудно за нејзиниот интелект, нели!?

 

02.  Џејмс Франко

Изгледа како да е издрогиран постојано, не остава впечаток на интелигентен човек со кого би можеле да разговарате на најразлични теми од секојдневието, а ниту на сон да помислите да разговарате со него за уметност, литература, дизајн и сл. Сепак, овој актер ја има следнава позадина: театарски режисер, моден фотограф, првенец на генерација на УЦЛА, на Универзитетот Колумбија, Универзитетот Њујорк, Бруклинскиот Универзитет, докторат по англиска книжевност на Јејл, апликант за уште еден докторат на Универзитетот во Хјустон и уште едни запишани студии по дизајн на Роуд Ајланд Универзитетот…Неверојатно!

 

01.  Долф Ландгрин

Класичен стереотипен европски токмак! Огромен е, развлечен и русокос. Ариевец, комунистички ѓавол, сѐ што ќе ви падне на памет. Секогаш е тука за да ве заштити. Изгледа баш глупаво, нели? Овој Швеѓанец има богата академска позадина, и покрај тоа што светот го познава само како акционен херој. Еве што тој постигнал: магистратура на тема хемиско инжењерство на Ројал Институтот во Стокхолм и Универзитетот Сиднеј, целосна Фулбрајт стипендија за МИТ. Флуентно зборува шведски, англиски, шпански, германски, француски, јапонски и италијански. Изгледа на невообичаено интелигентен дечко, би се сложиле нели!?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag