Скриената песочна плажа во Европа која треба да ја посетите барем еднаш во животот

popara7 мај, 20231min00
62539105-plaza-bolata-na-crnom-moru-bugarska

Болата со години е рангирана како една од најубавите плажи во Европа. Не се работи само за прекрасна песочна плажа покрај плитко и мирно море, туку и за идилично место каде има мир и тишина и нема голема гужва.

И додека бројните бугарски плажи станаа исклучително популарни меѓу туристите од целиот свет и се посетени во голем број, на Болата сè уште нема колони автомобили со странски регистрации.

Болата се наоѓа во истоимениот залив на северниот бугарски брег на Црното Море и во рамките на природниот резерват Калиакра. Првата населба – селото Булгарево е на околу пет километри од оваа плажа, а во близина е и градот Каварна. До плажата може лесно да се стигне со автомобил.

Полукружната песочна плажа е одлично место за летни одмори и љубители на морски активности. Благодарение на два ѕида од страната, водата до неа е плитка и без големи бранови, што ја прави идеално решение за сите оние поединци кои не се супер вешти пливачи.

За време на најтоплите месеци – јуни, јули и август – температурите овде се движат во просек од 26 до 30 Целзиусови степени. Во летната сезона, во близина на плажата можете да најдете неколку барови кои служат освежителни пијалоци. Во останатиот дел од годината треба сами да се погрижите за тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag