
Редовното четкање, внесувањето протеини и уште неколку работи ќе ја направат вашата коса сјајна и негувана.
За да имате здрава и силна коса, потребно е да имате воспоставена рутина во која применувате одредени совети.
Редовно чешлајте ја косата
Редовното чешлање на косата, од коренот до врвовите, ја стимулира циркулацијата, ги отстранува мртвите клетки и го поттикнува растот на косата.
Внесувајте доволно протеини
За да имате силна и негувана коса, не е доволно само да користите разни производи. Исхраната е таа што дополнително ќе влијае на нејзиниот квалитет, особено внесот на протеини.

Вистинскиот шампон
На пазарот можете да најдете разни шампони, а многу од нив се прилично јаки. Изберете поблаг тип на шампон, за да не ги иритирате скалпот и косата.
Стилизирање
Во денешно време многу е лесно да се прават локни или да се исправи косата, благодарение на разните мали апарати. Но, сите користат висока топлина, па пожелно е да се користат поретко, а и со задолжителна употреба на препарати кои штитат од високи температури.