Случајна атракција: Магичниот премин кој по грешка стана сензација во Северна Ирска

popara15 мај, 20231min00
62543867-dark-hedges

Кога семејството Стјуарт засадило ред од 150 буки во 18 век за да го направи патот што води до нивниот имот Грејсхил раскошен како од бајките, тие немале поим дека со текот на времето гранките на дрвјата ќе се свиткаат, ќе се испреплетат и ќе се претворат во тунел што посетителите го нарекуваат „магичен“, „злобен“ или „фантастичен“.

Dark Hedges ќе ги најдете на патот Брегаг во северноирското село Странокум, но и во „Game of Thrones“, каде што го играат „Патот на кралот“. Денес, овој природен феномен е еден од најфотографираните мотиви во Северна Ирска, како и популарна атракција за туристите од целиот свет. Со својата мистична игра на светлина и сенка, Dark Hedges ги инспирира фотографите и уметниците, но и музичари, како што е Elaine Agnew.

Dark Hedges - 5

Според локалните легенди, Dark Hedges ги сакаат и духовите. Наводно, тоа место го прогонува духот на слугинката од блиската куќа која умрела под мистериозни околности пред неколку векови. Семејната куќа Стјуарт сега е во приватна сопственост, а дел од имотот е претворен во популарниот терен за голф со 18 дупки и хотел The Hedges.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag