Не толку одамна, парен зеленчук од скара и салати без вкус беа единствените опции за веганите и вегетаријанците да избегнат да гладуваат додека се на пат.
За среќа, времињата се менуваат – на подобро. Има се повеќе градови во светот каде луѓето кои не јадат месо нема да останат гладни. Според истражувањето на порталот Bounce, најдобар град во Европа за вегетаријанци е: Брисел! Дури 526 места каде вегетаријанците може да јадат на 100.000 луѓе не е мала работа.
Следува Фиренца со 343 вегетаријански ресторани на 100.000 жители, а по неа е Венеција која има 270.
А кога станува збор за вегански ресторани (и разните такви верзии), Брисел е повторно на прво место: има 209 објекти на сто илјади луѓе, а потоа следат Фиренца и Единбург.
Најдобрите градови во светот за вегетаријанци:
Брисел
Фиренца
Венеција
Порто
Единбург
Најдобрите градови за вегани:
Брисел
Фиренца
Единбург
Порто
Лисабон