Состојки:
600 гр компири
250 мл млеко
250 гр фета сирење (или слично меко сирење)
50 гр маргарин
2 јајца
Подготовка:
Компирите сварете ги, излупете ги и исечете ги на кругови. Наредете во подмачкан сад за печење ред компири, ред издробено сирење, а одозгора компири. Јајцата се матат и се мешаат со млеко, се додава бибер и сол по вкус и се прелева мусаката. Одозгора на неколку места ставете путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени 30-40 минути, односно додека компирот не омекне и садот не порумени одозгора.