Водениот парк во Индијана е место каде можете да ги видите најголемите водени тобогани на светот, а веќе се подготвуваат да изградат и уште поголем за следното лето, попознат како “Мамут”.
Новото “чудо” ќе може да се види веќе од следниот мај и за неговата изградба се издвоени неверојатни 10 милиони долари!
За да стигнете до почетната позиција ќе користити лифт, гумените чамци за 6 лица ќе патуваат повеќе од 534 метри на ист начин како “возот на смртта” по шини. Тој ќе биде повисок за 43 метри од веќе постоечкиот “Wildbeast”, кој во моментот во истиот воден парк е најголемата атракција и најголемиот тобоган на светот.
Тобоганот “Мамут” ќе има 6 стрмни патеки, вклучувајќи го и првиот “рид” од кој посетителите ќе паѓаат 53 метри под агол од 45 степени.