Колку често треба да го полевате КАКТУСОТ? Иако е пустинска билка, треба да испочитувате едно правило

popara27 мај, 20231min00
40645d03a4c6b48f7ab680bba3d2c4cc6660df06

Кога велиме кактус, мислиме на суво, пустинско растение. Растенијата од оваа група сакаат сува почва, но им треба и влага, особено во сезоната на растење. Така се поставува прашањето, колку често треба да го полеваме кактусот?

Тие се исклучително толерантни на недостаток на наводнување, но одредени знаци на листовите или стеблата ќе укажат на тоа дека растението е под стрес поради недостаток на влага.

Без оглед на годишното време, едно постојано правило за секаков вид кактус е неговата неспособност да толерира стоена вода. Добро исцедената почва е од суштинско значење за здравјето на кактусите. Ако почвата е доволно порозна, повременото прекумерно наводнување не е голем проблем, бидејќи вишокот лесно ќе се исцеди. Тешките, компактни глинени почви или оние со големи количини на органски материјал имаат тенденција да ја заробат водата и може да предизвикаат гниење во корените и долните стебла на кактусите.

За време на топлите денови, на какутусот му треба дополнителна влага за да го поттикне растот. Просечното време на наводнување е еднаш неделно или почесто. Затоа е важно добро да се исцеди почвата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag